EN | MK | ES | IT | RO | SR

Toolkit

OLIO - A Female Food Sharing App (Апликација за споделување храна за жени)


Клучни зборови

Отворена економија, споделување храна, апликација, бизнис со помало емитување јаглерод

Опис:

Во 2015 година, Tessa Clarke и Saasha Celestial-One го лансираа OLIO, апликација за споделување што ги поврзува соседите едни со други и со локалните бизниси со цел да го споделат вишокот храна наместо да го фрлаат.

Идејата дошла кога Теса се пакувала во својот стан во Швајцарија за да се врати назад во Велика Британија. И останало малку храна и била замолена да ја фрли. Таа не можела да најде алтернатива и потоа и текнало: „Зошто нема апликација каде што можам да ја споделам со некој во близина што ја сака?“

Заедно со Саша, Теса направила истражување меѓу луѓето со цел подобро да го разбере проблемот со отпадот од храна и открила дека 1 од 3 луѓе кажале дека „физички боли“, фрлањето храна им претставува болка.

Тие ја потврдиле својата идеја за собирање луѓе на група на WhatsApp, за да тестираат дали луѓето навистина имаат значителна количина храна за споделување. Откако собрале доволно повратни информации, нашле агенција за развој која инвестирала во нивната нова бизнис идеја и ја лансирале апликацијата со минимум остварлива верзија на производот. После тоа, апликацијата била официјално лансирана во App Store, а потоа и во Google Play.

Првата верзија на апликацијата била само основна и можела да се користи само за 5 поштенски кодови во северен Лондон. Денес заедницата OLIO (OLIOers) собира луѓе од 62 земји, броејќи 6.104.732 корисници и 65.312.492 порции заедничка храна.

Вреди да се забележи и позитивното влијание на оваа платформа за споделување врз животната средина, со заштедени 191.782.035 автомобилски милји и заштедени 8.653.000.000 литри вода. Во согласност со вредностите на отворената економија, OLIO е компанија која има мали емисии на јаглерод дисоксид, посветена на мерењето на емисиите на организацијата, кои се објавуваат јавно секоја година. OLIO поставува внатрешни цели за емисиите на јаглерод диоксид, назначувајќи одговорен член на тимот кој ќе биде одговорен за таа задача.


Поврзан материјал за обука