EN | MK | ES | IT | RO | SR

Toolkit

Женско претприемаштво
Зошто да започнам сопствен бизнис?

ЦелиКликнете за да прочитате  

На крајот од овој модул ќе можете:

Да си дадете одговор на прашањето Зошто да започнам сопствен бизнис?

  • Ќе ги дознаете квалитетите и мотивите што треба да ги поседува секоја жена претприемач;
  • Кои се потребните знаења и вештини за да започнете бизнис

Да го разберете патот од идеја до пазар

  • Ќе дознаете кои се потребните ресурси за започнување бизнис,
  • Ќе дознаете како да ги анализирате и оценувате бизнис идеите
Мотиви и карактеристики на женските претприемачиКликнете за да прочитате  

За започнување сопствен бизнис потребни се пари, многу часови напорна работа, упорност, челична волја, многу трпение, како и разбирање дека доколку немате доволно и редовни деловни приходи веќе во првата или втората година од работењето, вашата претприемачка авантурата наскоро би можела да заврши.

Претприемач е:

  • авантурист
  • иноватор
  • личност која е подготвена да ризикува за успехот на бизнисот.

1.1.1. Мотивација

Клучни фактори кои влијаат врз идните жени претприемачи се:

  • Љубов кон некоја бизнис идеја - некој добива идеја за нов производ или услуга, и нема друг начин таа идеја да биде прифатена на пазарот, освен да ја оствари како нов бизнис.
  • Финансиска потреба - сопствениците на свој бизнис обично имаат поголема контрола врз нивните финансии и кариерата.
  • Деловен ангажман - претприемачот сака да биде дел од дизајнот, производството, маркетингот и продажбата на одреден производ или услуга (да биде одговорен за сите аспекти на деловното работење што се спроведуваат)
  • Поголема слобода - потреба да се носат деловни одлуки без одобрение од надредена личност.

Формула за УСПЕХ = МОТИВАЦИЈА x ЗНАЕЊЕ x УСЛОВИ

Мотивацијата за започнување бизнис и способноста да се препознаат можностите се клучни компоненти, а не парите.

1.1.2: Карактерни особини  што треба да ги има еден претприемач

  • Успешен претприемач не се раѓа како таков!
  • Стекнување вештини, знаења и искуства во текот на бизнисот се клучни во развојот на бизнисот.
  • Успешните жени претприемачи доаѓаат од различни социјални средини.
  • Заедничките вештини и вредности треба да се сфатат како универзални, развиени и применети во бизнисот.

Претприемачките квалитети се важни, но не доволни, особено кога бизнисот достигнува одредено ниво на развој!

Потребно е да се има:

a) Општи менаџерски вештини:
- Стратешки вештини
- Вештини за планирање
- Маркетинг вештини
- Финансиски вештини
- Вештини за управување со проекти
- Вештини за управување со времето

b) Специфични вештини за личен менаџмент:
- Лидерски способности
- Мотивациски вештини
- Вештини за делегирање задачи/компетентности на други во организацијата
- Комуникациски вештини
- Преговарачки вештини
- Оперативна способност
- Креативноста како способност за размислување и логично заклучување
- Способност за критичко набљудување на ситуации и односи
- Аналитичка способност

 

Направете тест за самооценување: Дали јас сум претприемач/ка?

Од идеја до пазар

Идентификација на проблеми на пазарот и избор на идеиКликнете за да прочитате  

Првата фаза од претприемачкото патешествие вклучува концептуална потрага по соодветна бизнис идеја што претприемачот ќе ја спроведе во пракса.

Основните критериуми по кои се води еден претприемач при донесување одлука за изборот на бизнис со кој ќе се занимава се:

  1. како тоа се одразува на карактерот на претприемачот - се однесува на полето на работа во кое претприемачот ужива и во кое има одредено знаење и искуство.
  2. дали таа идеја има пазарен и профитен потенцијал - „Понудете им на луѓето тоа што сакаат да го купат, а не тоа што вие сакате да го продадете“.

Целта е да се утврди кои се потребите на потенцијалните корисници и дали има потреба од вашите идни производи или услуги на пазарот каде што планирате да дејствувате.

Неопходно е да се спроведе истражување на пазарот пред да започнете бизнис!!!

The focus is on the customer!

2.1.1: Анализи и евалуации на идеи

Потребно е потенцијалниот претприемач на знае да:

  • слуша,
  • учи, и
  • да биде ангажиран во создавање корисност за клиентите, врз основа на изразените потреби.

Неопходна е соодветна подготовка за влез во деловните и планските активности!

Претприемачот треба да одговори на следните прашања:

  1. Дали има потреба од моите производи/услуги на пазарот?
  2. Како потенцијалните клиенти ќе знаат дека сум започнал бизнис?
  3. Кој е клучниот фактор за клиентите да го изберат мојот производ/услуга, и да не одат кај конкурент?
  4. Како ќе ги задржам моите клиенти? 

Наоѓање и дефинирање на конкурентна предност и создавање вредност за клиентите значи
преживување или исчезнување
од пазарот за почетниците во бизнисот.

Вредноста е она за што клиентите се подготвени да го  платат!

 

Направете тест за самооценување на бизнис идеја:
1.    Анализа на предуслови за реализација на бизнис идеја
2.    КРИТЕРИУМИ ЗА МАКРОСЕЛЕКЦИЈА

Клучни наоди

Клучни наодиКликнете за да прочитате  

Дали сум претприемач?
Дали имам претприемачки квалитети?
Што ме мотивира на ваков чекор?

Важни прашања кои потенцијалниот претприемач треба да си ги постави пред да се впушти во ваква „авантура“.

„Понудете им на луѓето она што сакаат да го купат, а не тоа што сакате да го продадете!” „Клиентите не го купуваат она што вие го сакате, тие го купуваат она што го сакаат!”
Најважниот закон за маркетинг

Стекнувањето вештини, знаење и искуство во текот на бизнисот се клучни за развој на бизнисот.
Претприемачките квалитети се важни, но не доволни, особено кога бизнисот достигнува одредено ниво на развој!

Неопходна е соодветна подготовка за влез во деловните и планирачките активности.
Конкурентната предност доаѓа од вредноста што еден претприемач може да ја создаде за клиентите

 



Клучни зборови

Рурални жени во бизнис, мотивација, лични карактеристики, знаења и вештини за претприемништво, бизнис идеја, истражувањk

Цели:

Да се обучат потенцијалните претприемачи кои сакаат да започнат сопствен бизнис за да го подигнат нивото на нивната претприемничка култура, за знаењата и вештините што треба да ги поседува потенцијалниот претприемач и како да го зголемат процентот на опстојување на бизнисот на пазарот.


Проектни резултати

Во овој курс ќе научите:

  1. Кои се квалитетите и мотивите што треба да ги поседува секоја жена претприемач;
  2. Кои се потребните знаења и вештини за започнување бизнис,
  3. Кои се потребните ресурси за започнување бизнис,
  4. Како да се анализираат и проценат деловните идеи

Библиографија

  1. PhD Svetislav Paunović "Profile of a successful entrepreneur", 2003.

  2. PhD Svetislav Paunović "What do I need to know about business and entrepreneurship?", 2003.

  3. G. Kishel, P. Kishel: How to start, run and stay in Bussiness, John Wiley&Sons inc., New York, 1993.

  4. Jovana Mutibarić, Radivoj Prodanović, Neda Raspopović "Personality of an entrepreneur", 2012.

  5. DIREKTA, Blog "Why people start their own business", 2021.

  6. How To Start A Small Business In 2022 by Kathy Haan,  Adam Ramirez,  Kelly Main, https://www.forbes.com/advisor/business/how-to-start-a-business/


Поврзан материјал за обука