|
Зошто да започнам сопствен бизнис?
ЦелиКликнете за да прочитате 
На крајот од овој модул ќе можете:
Да си дадете одговор на прашањето Зошто да започнам сопствен бизнис?
- Ќе ги дознаете квалитетите и мотивите што треба да ги поседува секоја жена претприемач;
- Кои се потребните знаења и вештини за да започнете бизнис
Да го разберете патот од идеја до пазар
- Ќе дознаете кои се потребните ресурси за започнување бизнис,
- Ќе дознаете како да ги анализирате и оценувате бизнис идеите
Мотиви и карактеристики на женските претприемачиКликнете за да прочитате 
| За започнување сопствен бизнис потребни се пари, многу часови напорна работа, упорност, челична волја, многу трпение, како и разбирање дека доколку немате доволно и редовни деловни приходи веќе во првата или втората година од работењето, вашата претприемачка авантурата наскоро би можела да заврши. |
 |
|
Претприемач е:
- авантурист
- иноватор
- личност која е подготвена да ризикува за успехот на бизнисот.
|
 |
1.1.1. Мотивација
Клучни фактори кои влијаат врз идните жени претприемачи се:
- Љубов кон некоја бизнис идеја - некој добива идеја за нов производ или услуга, и нема друг начин таа идеја да биде прифатена на пазарот, освен да ја оствари како нов бизнис.
- Финансиска потреба - сопствениците на свој бизнис обично имаат поголема контрола врз нивните финансии и кариерата.
- Деловен ангажман - претприемачот сака да биде дел од дизајнот, производството, маркетингот и продажбата на одреден производ или услуга (да биде одговорен за сите аспекти на деловното работење што се спроведуваат)
- Поголема слобода - потреба да се носат деловни одлуки без одобрение од надредена личност.
Формула за УСПЕХ = МОТИВАЦИЈА x ЗНАЕЊЕ x УСЛОВИ
Мотивацијата за започнување бизнис и способноста да се препознаат можностите се клучни компоненти, а не парите.
|
1.1.2: Карактерни особини што треба да ги има еден претприемач
- Успешен претприемач не се раѓа како таков!
- Стекнување вештини, знаења и искуства во текот на бизнисот се клучни во развојот на бизнисот.
- Успешните жени претприемачи доаѓаат од различни социјални средини.
- Заедничките вештини и вредности треба да се сфатат како универзални, развиени и применети во бизнисот.
|
 |
Претприемачките квалитети се важни, но не доволни, особено кога бизнисот достигнува одредено ниво на развој!
Потребно е да се има:
|
a) Општи менаџерски вештини:
- Стратешки вештини
- Вештини за планирање
- Маркетинг вештини
- Финансиски вештини
- Вештини за управување со проекти
- Вештини за управување со времето
|
b) Специфични вештини за личен менаџмент:
- Лидерски способности
- Мотивациски вештини
- Вештини за делегирање задачи/компетентности на други во организацијата
- Комуникациски вештини
- Преговарачки вештини
- Оперативна способност
- Креативноста како способност за размислување и логично заклучување
- Способност за критичко набљудување на ситуации и односи
- Аналитичка способност
|
Направете тест за самооценување: Дали јас сум претприемач/ка?

Од идеја до пазар
Идентификација на проблеми на пазарот и избор на идеиКликнете за да прочитате 
 |
Првата фаза од претприемачкото патешествие вклучува концептуална потрага по соодветна бизнис идеја што претприемачот ќе ја спроведе во пракса. |
|
Основните критериуми по кои се води еден претприемач при донесување одлука за изборот на бизнис со кој ќе се занимава се:
- како тоа се одразува на карактерот на претприемачот - се однесува на полето на работа во кое претприемачот ужива и во кое има одредено знаење и искуство.
- дали таа идеја има пазарен и профитен потенцијал - „Понудете им на луѓето тоа што сакаат да го купат, а не тоа што вие сакате да го продадете“.
Целта е да се утврди кои се потребите на потенцијалните корисници и дали има потреба од вашите идни производи или услуги на пазарот каде што планирате да дејствувате.
Неопходно е да се спроведе истражување на пазарот пред да започнете бизнис!!!
The focus is on the customer!
|
 |
|
2.1.1: Анализи и евалуации на идеи
Потребно е потенцијалниот претприемач на знае да:
- слуша,
- учи, и
- да биде ангажиран во создавање корисност за клиентите, врз основа на изразените потреби.
Неопходна е соодветна подготовка за влез во деловните и планските активности!
Претприемачот треба да одговори на следните прашања:
- Дали има потреба од моите производи/услуги на пазарот?
- Како потенцијалните клиенти ќе знаат дека сум започнал бизнис?
- Кој е клучниот фактор за клиентите да го изберат мојот производ/услуга, и да не одат кај конкурент?
- Како ќе ги задржам моите клиенти?
Наоѓање и дефинирање на конкурентна предност и создавање вредност за клиентите значи
преживување или исчезнување
од пазарот за почетниците во бизнисот.
|
 |
Вредноста е она за што клиентите се подготвени да го платат!

Направете тест за самооценување на бизнис идеја:
1. Анализа на предуслови за реализација на бизнис идеја
2. КРИТЕРИУМИ ЗА МАКРОСЕЛЕКЦИЈА
Клучни наоди
Клучни наодиКликнете за да прочитате 
|
Дали сум претприемач?
Дали имам претприемачки квалитети?
Што ме мотивира на ваков чекор?
Важни прашања кои потенцијалниот претприемач треба да си ги постави пред да се впушти во ваква „авантура“.
|
 |
„Понудете им на луѓето она што сакаат да го купат, а не тоа што сакате да го продадете!” „Клиентите не го купуваат она што вие го сакате, тие го купуваат она што го сакаат!”
Најважниот закон за маркетинг
|
|
Стекнувањето вештини, знаење и искуство во текот на бизнисот се клучни за развој на бизнисот.
Претприемачките квалитети се важни, но не доволни, особено кога бизнисот достигнува одредено ниво на развој!
|
Неопходна е соодветна подготовка за влез во деловните и планирачките активности.
Конкурентната предност доаѓа од вредноста што еден претприемач може да ја создаде за клиентите
|
|