ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ЗАПОЧНЕТЕ БИЗНИС*?
Одговорите на следните прашања треба да ви помогнат да го започнете вашиот бизнис поедноставно и побезбедно. Одговорете на прашањата со Да или Не.
Бидете искрени и објективни во вашите одговори.
Ќе ви помогне да ги откриете вашите слабости и недостатоци кои бараат одредени надоградувања, како и прашања што треба дополнително да ги истражите.

За вас


• Дали сте личност која може да започне бизнис и да управува со истиот?
Да  |  Не

• Дали сте подготвени да се впуштите во вашиот бизнис без никаква гаранција дека тој ќе функционира успешно?
Да  |  Не

• Дали некогаш сте работеле во бизнис сличен на бизнисот што сакате да го започнете?
Да  |  Не

• Дали некогаш сте работеле како менаџер?
Да  |  Не

• Дали сте учествувале на некоја обука?
Да  |  Не

• Дали сте направиле доволно истражување за бизнис идејата што сакате да ја имплементирате?
Да  |  Не

Пари


• Дали имате заштеди што сакате да ги инвестирате во бизнис?
Да  |  Не

• Дали знаете колку пари ви се потребни за да започнете бизнис?
Да  |  Не

• Дали го знаете износот на кредитот што можете да го добиете од добавувачот?
Да  |  Не

• Дали знаете од кои извори ќе ги покриете средствата што недостасуваат?
Да  |  Не

• Дали знаете колкава ќе биде вашата годишна нето плата и добивка?
Да  |  Не

• Можете ли, доколку е потребно, да живеете со помала плата и профит?
Да  |  Не

• Дали разговаравте со банката за вашите планови?
Да  |  Не


Партнер


• Ако ви требаат дополнителни финансиски средства или соодветно деловно познавање, дали имате на ум потенцијален партнер за соработка?
Да  |  Не

• Дали ги знаете аргументите за и против соло бизнис и партнерски бизнис?
Да  |  Не

• Дали разговаравте со адвокат за вашите планови?
Да  |  Не

Клиенти

• Дали ги идентификувавте пазарните сегменти?
Да  |  Не

• Дали има потреба од вашиот производ/услуга?
Да  |  Не

• Дали знаете кои се вашите клиенти?
Да  |  Не

• Дали ги разбирате нивните потреби и желби?
Да  |  Не

• Дали вашиот производ ќе биде конкурентен во однос на цената и квалитетот?
Да  |  Не

• Дали ја избравте локацијата на вашиот бизнис што одговара на вашите клиенти?
Да  |  Не

Деловен објект/простории

• Дали идентификувавте соодветен деловен објект за вашиот бизнис?
Да  |  Не

• Дали можете да го опремите просторот онака како што сакате без да потрошите многу пари?
Да  |  Не

• Дали нуди други придружни предности (паркирање, одржување, безбедност)?
Да  |  Не

• Дали сте се консултирале со адвокат во врска со релевантните договори за купување или закуп на објект - деловен простор?
Да  |  Не

• Дали сте го споредиле износот на финансии потребни за купување и закуп?
Да  |  Не

Опрема

• Дали ја идентификувавте потребната опрема за започнување бизнис?
Да  |  Не

• Дали е можно да се заштеди со купување на користена опрема?
Да  |  Не

• Дали сте го споредиле износот на финансии потребни за купување и закуп?
Да  |  Не

Добавувачи

• Дали знаете кои набавки се потребни за успешно функционирање на вашиот бизнис?
Да  |  Не

• Колку залихи треба да имате во моментот на започнување на бизнисот?
Да  |  Не

• Дали идентификувавте добавувачи кои ќе ве снабдуваат со потребните инпути по прифатлива цена?
Да  |  Не

• Дали сте ги споредиле цените (во случај на готовинско плаќање и во случај на можен кредит од добавувачот) на различни добавувачи?
Да  |  Не

Систем за евиденција и следење

• Дали избравте систем за евидентирање на приходите, расходите, средствата и обврските на компанијата?
Да  |  Не

• Дали сте дефинирале метод за следење на залихите што ќе ви овозможи секогаш да имате доволно за вашите клиенти, но не повеќе отколку што можете да продадете?
Да  |  Не

• Дали знаете како да ја пресметате обврската по основ на даноци и придонеси на платите на вработените?
Да  |  Не

• Дали знаете кои финансиски извештаи треба да ги подготвите?
Да  |  Не

• Дали знаете како да ги користите овие финансиски извештаи?
Да  |  Не

Законодавни прописи

• Дали знаете какви лиценци и дозволи ви се потребни?
Да  |  Не

• Дали знаете кои закони се релевантни за вашиот бизнис?
Да  |  Не

• Дали познавате адвокати кои можат да ви дадат корисни совети и да помогнат во подготовката на одредени документи?
Да  |  Не

• Дали забележавте можни ризици и начини за нивно отстранување?
Да  |  Не

• Дали избравте осигурителна компанија?
Да  |  Не

Ако купувате постоечка компанија (бизнис)

• Дали знаете зошто сакате т.е. зошто не сакате да купите компанија?
Да  |  Не

• Дали ги знаете вистинските причини поради кои сегашниот сопственик го продава бизнисот?
Да  |  Не

• Дали сте ги споредиле трошоците за купување компанија и трошоците за започнување нов бизнис?
Да  |  Не

• Дали опремата е во добра состојба?
Да  |  Не

• Дали деловниот објект е во добра состојба?
Да  |  Не

• Дали знаете што мислат другите за компанијата што сакате да ја купите?
Да  |  Не

• Дали сте разговарале со добавувачите на компанијата?
Да  |  Не

Рекламирање

• Дали одлучивте како да се рекламирате (весници, списанија, директна продажба, радио, ТВ, веб презентации)
Да  |  Не

• Дали знаете кој може да ви помогне да дефинирате рекламна кампања?
Да  |  Не

• Дали сте ги анализирале рекламните кампањи на вашите најголеми конкуренти?
Да  |  Не

Цени

• Дали знаете како да ја пресметате (одредите) цената на вашиот производ?
Да  |  Не

• Дали имате дефинирано ценовна стратегија за влез на одреден пазар?
Да  |  Не

Продажба

• Дали сте ги совладале основните техники за продажба?
Да  |  Не

• Дали сте вешти во процесот на убедување клиенти?
Да  |  Не

• Дали ги знаете сите придобивки што може да ги има вашиот производ/услуга за потенцијалниот клиент?
Да  |  Не

• Дали добро го познавате производот што го продавате?
Да  |  Не

Набавка

• Дали имате одбрано добавувачи?
Да  |  Не

• Дали имате план за залихи што може да укаже кога да се купи нешто и колку?
Да  |  Не

За вработените работници

• Ако сакате да вработите некого, дали знаете каде и како можете да ја најдете вистинската личност?
Да  |  Не

• Дали знаете каква личност барате?
Да  |  Не

• Дали знаете колку треба да го платите?
Да  |  Не

• Дали имате предвид план за обука за вработените?
Да  |  Не

Додатни прашања

• Дали раговаравте за вашата бизнис идеја со вашето смејство и дали добивте нивна поддршка?
Да  |  Не

• Дали сте подготвени целосно да се посветите на тој бизнис?
Да  |  Не

• Дали сте подготвени да креирате бизнис план?
Да  |  Не


Секој одговор со ДА ве носи еден чекор поблиску до остварување на вашиот бизнис од соништата.
Секој одговор НЕ претставува некој проблем на кој треба да работите или треба да се посветите.