EN | MK | ES | IT | RO | SR

Новости

Развојот на WIDE Обуката е завршен и 4 модули за обука сега се достапни онлајн на WIDE платформата

Модулите за обука како дел од проектниот резултат 3 (PR3) се достапни на 6 јазици на проектната веб-страна Онлајн & Бесплатни Курсеви .

Како основа за развој на иновативна обука, конзорциумот WIDE го искористи претходно развиениот Прирачник за рурален претприемачки екосистем и дизајнираше 4 модули за обука на следните теми:

1. Женско претприемништво

2. Пристап до финансии

3. Економија на споделување

4. Дигитално претприемништво во рурална средина

Дополнително, секој модул е ​​достапен и во аудио верзија, ppt и Word формат, подготвени за преземање.

Сите модули се достапни на 6 јазици: англиски, шпански, италијански, српски, македонски и романски.

По успешното завршување на прашањата за самооценување  од модулот, корисникот може да преземе персонализиран СЕРТИФИКАТ за завршување на курсот.

Формулар за поврарни информации е достапен на почетокот на секоја сесија од курсот, затоа НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА НЕ ОЦЕНИТЕ!

Вашите повратни информации се повеќе од добредојдени!

WIDE – Женска интеграција преку дигитално претприемништво – е проект кофинансиран од Комисијата на ЕУ, преку Еразмус Плус програмата. Проектот има за цел да ги поттикне жените од руралните средини кои бараат прво вработување или се невработени да создадат сопствен онлајн бизнис.

Повеќе информации за проектот WIDE:

WIDE веб-страна:  https://wideproject.eu/index.php

WIDE Facebook страна: https://www.facebook.com/profile.php?id=100078760990250