EN | MK | ES | IT | RO | SR

Новости

Конзорциумот го одржа Завршниот состанок во рамки на проектот WIDE

На 15 ноември 2023 година, конзорциумот го одржа четвртиот и последен транснационален состанок во рамки на проектот WIDE, кој се одржа виртуелно.

WIDE – Женска интеграција преку дигитално претприемништво – е проект кофинансиран од Комисијата на ЕУ преку програмата Еразмус Плус. Иницијативата, која официјално завршува во декември 2023 година, успешно ја постигна својата цел со обезбедување на жените со алатки потребни за да напредуваат во дигиталната ера. Партнерите успеаја да произведат ефективни ресурси за обука, инкорпорирајќи ги тие вештини и компетенции неопходни не само за подобрување на вработливоста, туку и за отворање на вратите за онлајн претприемништво.

Проектот WIDE доби позитивни повратни информации од жените и понудувачите на обуки кои се приклучија на сесиите за тестирање и валидација спроведени од проектните партнери, во претходните месеци, за да се тестира квалитетот и релевантноста на пакетот алатки за обука WIDE. Покрај тоа, мултипликативни настани се организирани во различни држави на проектните партнери. Овие иницијативи ги собраа клучните засегнати страни, вклучително и креаторите на политики, едукаторите и лидерите на заедницата и им помогнаа на партнерите да обезбедат долгорочно влијание врз резултатите на проектот; навистина, тие претставуваа платформа за прикажување на достигнувањата на проектот WIDE, споделување на најдобрите практики и поттикнување на соработка за континуирано дигитално зајакнување во руралните области.

Завршниот состанок претставуваше можност да се споделат резултатите од секоја национална T&V сесија и мултипликативните настани. Во оваа фаза од проектот, состанокот беше релевантен и за координација на завршните административни и финансиски задачи. Придонесите на партнерите на состанокот докажаа дека проектот WIDE се гордее и со успешното управување со сите трансверзални активности, како што се дисеминација, обезбедување квалитет и целокупно управување со проектот. Од почетокот до заврсувањето, проектот WIDE покажа прецизно планирање, ефикасно извршување и ефективна координација.

 

За повеќе информации за проектот WIDE:

WIDE веб-страница: https://wideproject.eu/index.php

WIDE Facebook page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100078760990250