EN | MK | ES | IT | RO | SR

Новости

Почетен состанок на проектот WIDE на 17ти февруари 2022 година

На 17 февруари 2022 година, Институт за развој на заедницата учествуваше на Почетниот онлајн состанок на проектот WIDE - Женска интеграција преку дигитално претприемништво, кој обединува 6 партнери од 6 земји (Италија, Шпанија, Белгија, Република Северна Македонија, Романија и Србија, кофинансиран од програмата Еразмус плус на Европската комисија,). Почетниот состанок, се одржа онлајн поради КОВИД-19 мерките.

За време на почетниот состанок, партнерите ги дефинираа техничките и оперативните аспекти на проектните резултати и поврзаните активности. Целта на состанокот беше да се дефинираат аспектите на проектниот и финансискиот менаџмент, како и аспектите кои се однесуваат на внатрешниот квалитет, следење и евалуација, управување со ризик.

Проектот WIDE ќе произведе неколку апстрактни резултати како што се зајакнување на дигиталните вештини на жените и претприемничките способности со цел да се зголеми нивното учество во општествениот и економскиот живот и активности, зголемување на нивната свест и знаење за бизнис посредување благодарение на стекнатите дигитални вештини, подобрување на капацитетот и конкурентноста на организациите учеснички.