На 14ти Декември 2022, конзорциумот го одржа третиот трансанационален состанок во рамки на проектот WIDE. Состанокот се одржа во Брисел, Белгија кај Белгискиот партнер IHF asbl.
WIDE – Интеграција на жените преку дигитално претприемништво – е проек ко-финансиран од Европската комисија преку Еразмус плус програмата. Проектот има за цел да ги поттикне жените кои живеат во руралните области кои ја бараат својата прва работа или се невработени да создадат сопствен онлајн бизнис.
Во претходните месеци, партнерите го финализираа Прирачникот за рурален претприемачки екосистем кој веќе е достапен на платформата WIDE и ги развија модулите за обука. Состанокот претставуваше можност за рецензија на материјалот за обука и подобрување пред поставувањето на платформата. Исто така, беше корисен и за координирање на административните и финансиските задачи, за следење на правилното спроведување на хоризонталните активности на проектот и за одредување рокови за идните активности.
Следни чекори? Партнерите ќе го објават курсот за обука на англиски, шпански, романски, италијански, српски и македонски јазик. Откако ќе биде достапен на платформата, Конзорциумот ќе започне со тестирање и потврдување на материјалот што вклучува потенцијални и постоечки претприемачи, понудувачи на стручно образование и обука, компании и други засегнати страни.
Повеќе информации за проектот WIDE:
WIDE Веб-страна: https://wideproject.eu/index.php
WIDE Facebook страна: https://www.facebook.com/profile.php?id=100078760990250