EN | MK | ES | IT | RO | SR

Новости

Интеграција на жените преку дигитално претприемништво

Интернет страницата на проектот WIDE е достапна на интернет

Официјалната интернет страница на WIDE  проектот претставува место каде што може да се најдат сите новости, активности, резултати, контакти како и материјали за обука, и претставува отворен образовен ресурс наменет за целната група на проектот.  

Проектот WIДЕ е ко-финансиран од страна на Ерасмус+ програмата на Европската Комисија, кој што ги има следните специфични цели:

-Зголемување на дигиталните вештини кај жените од руралните средини со цел да се зајакне нивниот капацитет. Дигиталните технологии претставуваат одлична можност за жените од руралните средини да се приклучат на пазарот на труд или да спроведат претприемнички активности имајќи ги во предвид нивното опкружување особено во руралните средини. Отворениот образовен ресурс на WIDЕ проектот ќе обезбеди пристап по дигитален пат до сите обуки без разлика на географската локација на целната група и без временски ограничувања.    

-Зголемување на дигиталните вештини на жените од руралните средини кои што веќе имаат бизнис идеа но им недостасуваат ИКТ вештини. Од тие причини, ИКТ обуката во рамките на WIDЕ проектот може да обезбеди повеќе можности за бизнис како што се намалување на несигурноста во себе, и зголемена конкурентност при учество во економски активности.   

-Да ја потенцира дигиталната трансформација преку подготвеност за дигитален развој, флексибилност и зајакнати капацитети на понудувачите на неформално образование за возрасни со цел да обезбедат обука со висок квалитет. Резултатите од WIDЕ  проектот ќе ја зајакнат конкурентноста на жените претприемачки од руралните средини.

-Можности за вмрежување и градење на партнерства преку вклучување на заинтересирани страни како што се понудувачи на неформално образование, мали и средни претпријатија, ИКТ и дигитална експертиза, здруженија на граѓани и други актери од екосистемот за развој на претприемништвото. Со тоа ќе се потенцираат и зајакнат заедничките вредности, како и граѓанското учество преку усвојување на Пан-Европска перспектива – поддршка на жените претприемачки од руралните средини и нивните бизнис активности преку иновативни обуки. Обуките во рамките на WIDE проектот ќе се засноваат на препознавање на компетенциите, тестирани преку систем со повеќе опции, и потврдени со сертификати за обуки во рамките на проектот.

-Збогатување на понудата за можности за обука. Ресурсите, обуките како и отворениот образовен ресурс на проектот WIDE ќе бидат оперативни алатки кои ќе ја подобрат понудата на дизајнирани обуки со цел да се постигне одржливо влијание на корисниците и лицата креатори на политики. Врз основа на целите и активностите, проектот WIDE совршено се совпаѓа со потребите и приоритетите дефинирани од страна на Европската комисија (Хоризонтално: дигитална трансформација преку подобрување на подготвеноста и капацитети  за дигитална наобразба), како и на национално ниво преку адресирање на потребите за дигитална наобразба на жените претприемачки во Србија, Белгија, Македонија и Романија.        

Проектот започна со првата транснационална средба преку интернет одржана на 17 февруари 2022 година на која што партнерите имаа можност да разговараат за имплементација на активностите, да утврдат временска рамка и да ги анализираат своите обврски за следниот период. Една од првите активности беше развој, тестирање и имплементација на платформата како отворен образовен ресурс (ОЕР).

Платформата на WIDE ќе ги прикаже проектните резултати, ќе обезбеди нивна видливост на меѓународен план и ќе биде достапна на 6 јазици (Англиски, Македонски, Шпански, Италијански, Романски и Српски). Целовкупната содржина ќе биде комплетно достапна бесплатно, без потреба од регистрација или идентификација на корисниците. Интернет адресата на WIDE e на следната врска:  https://wideproject.eu/.

Во текот на следните 2 години, платформата ќе биде надополнета и ќе ги интегрира сите главни достигнувања на конзорциумот и проектот. Секоја секција од платформата е независна сама за себе и ќе биде соодветен приказ на спроведените активности и постигнати резултати.   

Алатките во рамките на WIDE проектот содржат обуки кои се дизајнирани за жени, жени претприемачки и за оние кои што во иднина планираат да се занимаваат со претприемништво со цел да им помогне да развијат и водат сопствен бизнис. Проектот не се фокусира само на подобрување на претприемачките капацитети, туку обезбедува поддршка кон развојот на женското претприемништво при што ќе дојде до израз нивната креативност и потенцијал.  

Организациите кои што се заинтересирани да се приклучат на заедницата на WIDE  проектот и да станат придружни партнер, ќе бидат прикажани во делот на “Соработници” како релевантни организации кои што ќе помогнат да се прошири влијанието на резултатите од проектот.    

За дополнителни информации може да ја посетите следната интернет страница: https://wideproject.eu/