EN | MK | ES | IT | RO | SR

Новости

Конзорциумот го одржа вториот транснационален проектен состанок во рамки на проектот WIDE

Конзорциумот WIDE на 27ми Јуни го одржа вториот транснационален проектен состанок во Пескара, Италија во организација на Италиjанскиот партнер IDP European Consultants.

WIDE – Интеграција на жените преку дигитално претприемништво (Women Integration through Digital Entrepreneurship) – е проект ко-финансиран од Европската комисија. Проектот има за цел да ги поттикне жените од руралните средини кои бараат прво вработување, да создадат свој онлајн бизнис.

Вториот проектен состанок беше корисен за да се следи правилната имплементација на проектните хоризонтални активности и да се дискутира за секундарното истражување спроведено до сега кое наскоро ќе биде достапно онлајн на платформата WIDE.

Најважното прашање кое партнерите се обидеа да го одговорат на  состанокот беше:

Поаѓајќи од информациите и податоците добиени во рамки на проектниот резултат 2, кои се најдобри теми за обука за да се развијат во проектен резултат 3?

Најдобри теми за развој  се:

  1. Жeнско претприемништво
  2. Пристап до финансии
  3. Економија на споделување
  4. Дигитално претприемништво во рурална средина

Работата на развојот на  обуката WIDE официјално ќе започне во август 2022 година, но во меѓувреме сите партнери постојано се ангажирани во активности за дисеминација на резултатите од проектот...така, од цела Европа, бидете во тек со развојот на проектот WIDE!!!

За повеќе информации за проектот WIDE:

WIDE вебстрана: https://wideproject.eu/

WIDE Facebook страна: https://www.facebook.com/WIDE-Project-104517608840761