WIDE специфични цели што треба да се постигнат:
- Надградба на дигитални вештини кај жените од руралните области со цел да развијат претприемачки способности. Дигиталната технологија е одлична можност за жените од руралните области жени да ги зајакнат своите претприемачки вештини со цел да се приклучат на пазарот на трудот и/или да спроведат претприемнички активности. Платформата WIDE OER ќе ги направи дигитално достапни сите обуки без оглед на географска локација и време;
- Надградување на дигитални вештини кај возрасни жени од рурални средини кои веќе имаат бизнис идеја на ум, но немаат ИКТ вештини. Затоа, учењето засновано на WIDE ИКТ на многу начинио може да поттикне поголеми бизнис можности, како што се пристап до поврзани информации за намалување на несигурноста и поконкурентно учество во економските активности.
- Адресирање на дигиталната трансформација преку развој на дигитална подготвеност, изджливост и капацитет за зајакнување на способноста на понудувачите на образование на возрасни да обезбедат висококвалитетна обука. WIDE резултатите се дигитални по дизајн и ажурирани за справување со предизвиците на жените претприемачи од руралните области за да се подобри нивната конкурентност.
- Можности за вмрежување и формирање на силен конзорциум кој ќе ги претставува сите различни актери на екосистемот на ОВ, мали и средни претпријатија, ИКТ и дигитална експертиза, како и третиот сектор (НВО) и систем за олеснување на претприемништвото, со што ќе се зајакнат заедничките вредности, граѓанската вклученост и учество, усвојувајќи паневропска перспектива
- поддршка на жените кои се претприемачи и идните претприемачи од руралните области преку обезбедување иновативни и ажурирани обуки за да им се помогне да се справат со дигиталното усовршување, да се зајакнат и да го направат нивниот бизнис поконкурентен; Обуката на WIDE ќе се заснова на систем за препознавање вештини тестиран со тест со повеќе одговори и потврден со WIDE сертификати за обука.
- Зголемени можности за учење. WIDE ресурсите, обуката и ОЕР Платформата ќе станат оперативни алатки за подобрување на приспособената понуда и постигнување на одржливо влијание врз корисниците и креаторите на политики. Врз основа на целите и активностите, WIDE е во совршена согласност со потребите и приоритетите подвлечени од Европската комисија (Хоризонтално: Адресирање на дигиталната трансформација преку развој на дигитална подготвеност, издржливост и капацитет) и на национално ниво со дигиталните потреби за возрасни жени претприемачи во Србија, Италија, Белгија, Шпанија, Република Северна Македонија и Романија.